Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ почина во недела, 17-ти февруари, по сообраќајната несреќа во Германија, а сега пристигнуваат најновите информации околу последните негови мигови.
-Со хилихоптер беше пренесен во болница. Семејството зборуваше со докторката која го реанимираше, а имаше максимален третман кога станува збор за медицинска помош. Тоа е една од најдобрите болници во овој дел на Германија, болницата во која е пренесен. – рекол изворот.
-Таа срцева артерија била смртоносна и реанимацијата траеше два ипол часа. За жал не преживеа. – додава изворот за српски Информер.
Шабан по несреќата на автопатот сам излегол од автомобилот и влегол во возилото на брзата помош.
Германското обвинителство наложи да се изврши обдукција на телото на пејачот за што било известено и српското министерство за надворешни работи.