Северина и Игор Којиќ се разведуваат, причината интересна!

Медиумите во регионот ги преплави веста дека Северина и Игор Којиќ повторно се разведуваат, и тоа поради најбизарната причина досега – базенот на Драган Којиќ Кеба!

Имено, според написите, сè започнало кога Северина побарала базенот во куќата на нејзиниот свекор Кеба да се наполни со морска вода. Оваа идеја и’ паднала на ум за време на престојот во Белград, каде што беше во изолација во куќата на свекорот и свекрвата речиси еден месец.
Бидејќи тие и’ кажале да се чувствува како да е во својата куќа, Севе така и направила, буквално!

Па така, чистеше по дома, вежбаше, вапсаше јајца, пееше и играше, но подоцна почна и да поставува големи барања, па веројатно на Којиќи им „пукнал филмот“.

Имено, Кеба му кажал на синот да ја смири малку сопругата и тука настанал хаосот меѓу сопружниците.

Малку подоцна, Северина ги спакувала своите работи, ја напуштила куќата и заминала за Хрватска, каде што сама го прославила 48-от роденден, а со Игор се нема видено 21 ден.

Иако и претходно тие двајцата имале чести кавги, се чини дека овој пат работата е навистина сериозна, пренесуваат порталите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e