Сестрата на поп пејачката Наташа Беквалац за прв пат, по семејниот скандал, се огласи во јавноста и го изнесе своето мислење околу насилството кое го претрпе нејзината сестра од сопругот Лука Лазукиќ.
Кристина Беквалац откри дека се плашела за безбедноста на сестра си веќе подолго време.
„По психичкото насилство, физичкото малтретирање, за жал, е логично. Два дена пред Лука да ја претепа и реков:„ Наташа ќе завршиш како Ксенија Пајчин“. Слично и зборуваа и други луѓе од околината, видовме дека човекот е луд. Сите стравувавме за неа, таа нивна врска за нас беше голем стрес. На крајот сум среќна што се ова заврши без поголеми псоледици. Наташа е жива и благодарение на Бога ќе биде добро бидејќи Лука не смее да и приоѓа. “ – изјави Кристина за српскиот весник „Курир“.
Таа појасни што точно се случувало ноќта кога Беквалац била дивјачки нападната од партнерот.
„Сестра ми ми се јавуваше на пет минути, но тогаш не го чув телефонот. Веднаш ја побарав јас, но беше недостапна, па ја барав дадилката која ме извести дека Лука ја претепал Наташа. Потоа кога се слушнавме Наташа ми кажа дека Лука се пакува и додека не замине тој да не доаѓам бидејќи знае дека може да испадне поголем инцидент. Чекав пред зградата, кога Лука ја напушти зградата, набрзо и Наташа излезе. Таа слика од мојата претепана сестра, со модрици и отоци, засекогаш ќе ми остане во главата. Едвај возевме до Ургентниот центар. Наташа беше во катастрофална физичка состојба, но и психичка исто така.“ – раскажа сестрата на пејачката.