Селин Дион се соочува со сериозни здравствени проблеми

Познатата пејачка Селин Дион, соопштила дека го откажува остатокот од светската турнеја поради сериозни здравствени проблеми, пишува „CNN“.

Канаѓанката рекла дека закрепнува од ‘тешки и постојани грчеви на мускулите’, кои ѝ пречат за време на настап.

Поради истиот здравствен проблем, во октомври, 2021-ва година го откажала и настапот во Лас Вегас и оттогаш закрепнува, планирајќи дека турнејата ќе ја продолжи на 9-ти март, 2022-ра година, пренесува „CNN“.

Остатокот од нејзината светска турнеја е поместен за 12-ти април, но лекарскиот тим на пејачката одлучил дека откажувањето сепак е најдобра опција. Поради тоа, тие биле принудени да откажат вкупно 16 концерти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e