Сека Алексиќ е подготвена за најстрогиот пост, покажа што ќе јаде во наредните 40 дена

Пејачката Сека Алексиќ е многу посветена на својата вера, па го започна велигденскиот пост кој ќе го држи сите 40 дена.

Таа на својот Инстаграм профил сподели дека почнала со пост и дека сите четириесет дена ќе пости исклучиво на вода.

Сека покажа и што ќе јаде – само овошје и зеленчук и дека уште од сега „ја фаќа криза“.

„Следните 40 дена пост на вода, овошје и зеленчук во секоја форма и ништо друго. Кој сака нека ми честита, бидејќи карактерот за храна ми е слаб, би рекла“ – напишала таа.

По оваа објава, Сека почна да се „жали“ на социјaлните мрежи, па го покажа и својот оброк.

„Животе, горчлив си! Малку се шегувам, па малку и не…“ – напишала пејачката.

seka-aleksic-830x0-1-768x1383

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e