Се породи пејачката Милица Тодоровиќ

Пејачката Милица Тодоровиќ се породи во Белград, дознава „Телеграф“.

Таа на свет донесе здраво машко бебе, чие име засега не ѝ е познато на јавноста. Како што пренесува „Телеграф“, мајката и бебето се чувствуваат добро, а породувањето се случило во една приватна клиника во Белград.

Да потсетиме, Милица подолго време сонувала за мајчинството, а во една прилика извор за споменатиот медиум го изјави следново:

„Го оствари својот најголем сон, многу е среќна. Целосно се повлече од сè. Ужива“, изјави извор за „Телеграф“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e