Се огласи Дуа Липа: Се соочувам со силен отпор кон идејата за автентична косовска култура

Добитничката на Греми, британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, се огласи за реакциите кои не стивнуваа неколку дена околу нејзината објава на социјалните мрежи од географска карта на голема Албанија.
„Мојот претходен пост не беше со намера да разгори било каква омраза. Тажна сум што мојата објава намерно е погрешно толкувана од некои групи и индивидуалци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што целосно го одбивам.

Кога и да објавам нешто за Косово, ми полудуваат социјалните мрежи, дури и ако е нешто весело како храна или музика, и се соочувам со силен отпор кон идејата за автентична косовска култура.

Сите заслужуваме да сме горди на нашата етничка припадност и потеклото. Само сакам мојата држава да биде претставена на мапата и да можам со гордост и радост да зборувам за моите албански корени и мојата родна земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да учат едни од други. Мир, љубов и почит за сите – Дуа Х.“ – гласи постот на пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e