Актерката Салма Хаек се омажи за францускиот милијардер Франсоа-Хенри Пино на Денот на вљубените во 2009 година во интимен амбиент во Париз, но неодамна призна дека многу се плашела од брак.
Во интервју за Glamour, таа откри дека нејзината церемонија кај матичар била целосно изненадување и дека таа немала никаков удел во планирањето на ништо.
„Тој ден не ни знаев дека ќе се омажам. Тоа беше како интервенција. Мислам дека никогаш не ја раскажав оваа приказна. Ме изведоа како на суд. Моите родители, брат ми, сите се свртеа против мене. Имав фобија од брак“, рече таа.
И покрај првичното двоумење, Салма на крајот се согласила на брак. Хаек објасни дека упорноста на нејзиното семејство била една од причините што на прво место имале венчавка пред матичар. Бев нервозна“, се сеќава таа. Откако парот си размени завети, сите славеле на приемот.
“И тогаш имаше ручек кај неговите родители. Свекрва ми веќе подготвила ручек. Немав избор”, рекла актерката. Тие решиле да се венчаат уште еднаш, во друштво на нивните најблиски пријатели и семејството во април 2009 година. Салма се согласила да се омажи за Пино по три години врска, кога тој ја запросил по трет пат.
Сега, 14 години по нивниот брак, врската на Салма и Пино е посилна од кога било. Двојката ја има 16-годишната ќерка Валентина Палома, а Салма ја прифатила улогата на маќеа на трите деца на Франсоа-Анри од претходните врски. Гледајќи наназад на нивната долготрајна љубов, Салма му оддаде заслуга на својот сопруг што ја поддржувал и видел во неа квалитети кои таа никогаш не ги видела во себе.
