Роби Вилијамс кој станал веган во 2017 година, неодамна започна повторно да ги воведува рибите и месните производи во неговата исхрана.
Сепак, на неодамнешната контрола дознал дека има труење со жива поради прекумерна консумација на морска храна.
„Јадев риба двапати на ден и поради тоа завршив со најголемото труење со жива што некогаш го видел докторот“, рече Роби во интервју за Радио Х.
“Отидов на преглед затоа што жена ми е во паника и постојано ме принудува да правам некои тестови. Но, благодарам на Бога, жив сум благодарение на тоа. Можев да умрам од труење со жива и арсен”, рече Роби и додаде дека следниот ден се вратил на веганска исхрана.