Пејачката Рита Ора (30) неодамна купила вила во викторијански стил во западниот дел на Лондон за 8 милиони фунти, а веста за нејзиното купување доаѓа во моментот кога ѕвездата ги избриша сите слики од својот профил на Инстаграм.
Имено, пејачката моментално е во Австралија каде го снима музичкото шоу за таленти „Гласот“, а нејзиниот нов потег на Инстаграм предизвика шпекулации дека пејачката издава нов албум или песна.
Пред неколку дена, Рита објави постер во кој позира заедно со Дејвид Гето и други колеги, а таа го напиша „Бенг – 12 февруари“, што е датум на музичкиот настан на кој таа најверојатно ќе настапи виртуелно.
Со овој пост собра над 51 000 лајкови, а фановите напишаа дека едвај чекаат да ја слушнат и видат. Пејачката во моментов има 16 милиони следбеници, а во последните неколку месеци изгуби 200.000 следбеници поради два скандали што ги предизвика за време на вирусот корона.
Инаку, продавачот на вилата што неодамна ја купи Ора изјавил дека вилата што ја избрала Албанката била прогонувана.
„Луѓето дефинитивно веруваат дека слушаат чудни работи тука навечер“, рекол тој.