Пејачката Ријана купила респиратор и му го пратила на својот татко откако дознал дека е позитивен на коронавирус и пател од висока температура.
Роналд, кој во меѓувреме оздравел, ги дочекал новинарите во сина поло маица и кариран шорц.
“Чувствував температура во носот, на усните, чувствував грозница насекаде…Искрено, мислев дека ќе умрам”, рекол Роналд за The Sun.
“Мојата ќерка секојдневно ме проверуваше. Морам да кажам, многу те сакам Робин. Толку многу направи за мене. Ценам се што направи”.
Иако респираторот пристигнал во неговата куќа на Барбадос, не морал да го користи. По 14 дена бил пуштен од центарот за изолација бидејќи закрепнал во целост.
Со кучињата Ксена и Ебони покрај него, Роналд сега се одмара во пространата куќа во Сент Џејмс, која неговата богата и позната ќерка ја купила за него.
По стравот од смртта, им се обратил на читателите: “Сакам сите да останат дома. Ова е сериозна ситуација. Посериозна од што мислат луѓето. Ве молам, останете дома.”
Дури и пратил повик до локалната влада да сопре со работа.
На Барбадос досега се забележани три смртни случаи поради коронавирус, а Роналд бил еден од ретките кои биле заразени.
Фондацијата на Ријана, “Clara Lionel” најавила дека ќе донира пет милиони долари како помош во борбата против коронавирусот.