Хрватскиот актер Роберт Будак почина денеска на 27 години.
Неговиот матичен дом беше хрватскиот театар, а зад себе тој го остави семејството, пријателите и колегите кои се во огромен шок и тага.
Прерано починатиот актер минатата година бил и награден за своите актерски способности.
Публиката ќе го памети по претставите „Таксиметар“, „Ромео и Јулија“, а глумел и во филмовите „На онаа страна“, „Escape“ и „Загреб капучино“.