Актерот Андрија Милошевиќ и неговата колешка и долгогодишна партнерка, Александра Томиќ, со години живеат заедно, а за својот однос ретко зборуваат во јавност.
За тоа дека се спремни за новиот чекор во животот, зборува и информацијата дека Сандра е бремена.
Имено, како што наведува извор близок на актерката, Андрија и Сандра за неколку месеци ќе станат родители, пренесуваат српските медиуми.
Сандра и Андрија заедно се речиси една деценија и сигурно поубави вести не можеле да добијат.