Прво огласување на екс сопругата на Џастин Трудо за неговата врска со Кејти Пери

Софи Грегоар за првпат проговори за романсата на нејзиниот сопруг, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, со поп-ѕвездата Кејти Пери, и тоа многу смирено.

Како гостин во подкастот „Arlene Is Alone“, 50-годишната Софи Грегоар откри како се справува со медиумската бура околу љубовниот живот на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен канадски премиер Џастин Трудо.

-Сите сме луѓе и секако некои работи влијаат на мене, призна таа, додавајќи дека е сосема нормално да има такви реакции. Како реагирате на некои работи зависи од вас, а јас бирам да слушам музика, наместо бучава.“

Иако врската помеѓу Трудо и 41-годишната поп-икона Кејти Пери разбуди цела низа емоции во неа, Софи нагласува дека единственото нешто на кое може да влијае е сопствениот став, а таа избира достоинство.

-Јасно ми е дека многу работи во јавноста можат да бидат активирачки фактор, но што ќе правам со тоа зависи од мене. Што ќе станам низ сето ова зависи од мене. Тоа е мој избор. Тоа не значи дека немам емоции. Да не плачам, да не викам, да не се смеам…, вели Софи.

Таа додава дека дозволува сите нејзини чувства да „проѕират“, без разлика дали е тоа лутина или разочарување, но дека нејзин приоритет е семејството.

Трудо и Грегоар се разделија во 2023 година по 18 години брак, а заедно одгледуваат три деца: Ксавиер (18), Ела-Грејс (16) и Хадриен (11).

„Имаме одделни животи, но имаме едно заедничко семејство“, истакна таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e