Продолжена забраната на Тошиќ, еве до кога не смее да и се приближува на Карлеуша

Основниот суд му ја продолжи за уште 30 дена итната мерка на фудбалерот Душко Тошиќ за забрана за приближување и комуникација со сопругата, пејачката Јелена Карлеуша.

Тошиќ во петокот на 7 јануари претходно доби 48 часа забрана од полицијата бидејќи и удрил шамар на сопругата.

Обвинителството вчера предложи продолжување на оваа мерка, а судијата на претходна постапка го усвои тој предлог.

Полицијата во петокот, откако пејачката пријавила дека сопругот е насилен кон неа, отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.

Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e