Александра Пријовиќ е една од најуспешните пејачки на помладата генерација во Србија, па не е изненадувачки што на многу колеги им е „трн во око“.
Сепак, Александра тврди дека нејзиниот брак со Филип Живојиновиќ, син на поранешниот тениски ас Слободан Боба Живојиновиќ, им пречел на многу пејачи повеќе од успехот во нејзината кариера.
– Мојот брак е многу поголем проблем за моите колеги отколку мојата кариера. Мислам дека на сите успеси може да им се простат и да се пренесат, но фактот дека се омажив за него не. Излегува дека понекогаш без Филип и Брена не би успеала. Акцентот е секогаш ставен на него, без оглед што сама ги финансирам сите песни и спотови – истакна Пријовиќ за „Свет“.