Планираниот собир на „Пријатели“ е одложен поради проблемите кои во Холивуд ги предизвика коронавирусот, објавиле во средата извори од филмската индустрија.
Специјалната епизода требаше да биде снимена следната недела во Бурбенк, Калифорнија, а да биде емитувана во мај на HBO Max.
Но, филмската и телевизиската продукција во Холивуд е запрена минатата недела поради ограничувањата со цел да се спречи ширење на коронавирусот во САД.
Не е одреден новиот датум на снимање, а HBO Max одбиле да го коментираат тоа.
Долгоочекуваната епизода во која требаше да се појават 6-те „Пријатели“, требаше да привлече милиони на новопланираниот стриминг на HBO Max.
Снимањето на оваа серија заврши во 2004-та година, а во 2018-та година репризираната серија беше втора најгледана на Netflix.