Гробното место во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта, каде што во 2020 година беше погребан Џеј Рамнадановски, е поплавено, а телото на пејачот со согласност на семејството е преместено во друга гробница.
Гробницата во која почива Џеј мора да се реновира, па Новите гробишта донесоа одлука неговиот вечен дом да биде покрај покојниот Шабан Шаулиќ.
Гробот на Рамадановски се наоѓал токму на влезот на Алејата, таканаречената ѕвезда, која сега е празна. Некој веќе оставил срце на новиот гроб на Рамадановски. Гоца Шаулиќ, вдовицата на Шабан Шаулиќ, по комеморацијата на Милутин Мркоњиќ го посетила гробот на својот сопруг, каде што сега е блиску вечната куќа на кралот на баладите.
Пријателката и менаџерка на Џеј, Андријана Томаниќ, објасни за што точно се работи.
„Таму течеше малку вода, па го обновуваат гробот. Сега е блиску до Мрка и Шабан. Сакавме и тој да биде на тоа место, но тогаш немаше можност. Сега тој ќе биде сам во гробницата“, изјави таа и додаде дека се’ е направено со согласност на семејството.