Позната судбината на возачот кој ја предизвикал сообраќајката во која загина Шабан – Возел пијан и без возачка

34-годишниот маж кој го возел автомобилот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ има полесни повреди на рамената, пренесуваат германските медиуми.

Во автомобилот со Шабан биле неговите пријатели кои се тешко повредени. Како што јавува германскиот „Минденер Тагеблат“ 34-годишниот возач бил под дејство на алкохол и без возачка исправа. Тој се забил во совозачката страна на автомобилот марка „сеат“ во кој бил пејачот. Српскиот народен пејач загинал, додека неговиот возач е тешко повреден и како што соопштиле лекарите се бори за живот.

Во автомобилот со Шабан бил и неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ кој исто така е повреден, но неговата здравствена состојба е стабилна.

Полицијата пристигната на местото на настанот во раните утрински часови, а сите учесници во сообраќајката биле пренесени во болница.

„Беа позитивни, се беше супер. Возачот кој ја предизвикал сообраќајката, на автопатот каде имало градежни активности, немал возачка и бил пијан. Тие отидоа во хотелот, а рано изутрина тргнале кон Дизелдорф за да стигнат на аеродром.“ – изјавил Богдан Маркота сопственик на клубот каде настапувале во саботата вечерта.

На местото на несреќата воочливи се траорни траги. Каросериите на двата автомобила се потполно уништени, стаклата скршени, а возилата речиси непрепознатливи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e