Порно-ѕвездата Сторми Даниелс тврди дека во 2006-та година имала афера со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и оти тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.
Тврди дека Трамп кој бил речиси сосема гол уште на првиот состанок ја пречекал на работ на хотелскиот кревет. Открива дека состанокот бил договорен на хуманитарен голф натпревар.
-Едноставно се смрзнав и не знаев што да кажам. Тој ја соблече долната облека и се смести на работ од креветот. Стана и рече: „Ова е твојата шанса. Треба да ми покажеш колку го сакаш ова или едноставно сакаш да се вратиш на животот во камп-приколка?“, вели Даниелс, тврдејќи дека тогаш имале и сексуален однос.
-Тоа беа најлошите 90 секунди во мојот живот, додала таа.
Сепак, уверува дека немало никакво вознемирување или злоупотреба.
Порно-ѕвездата вели дека средбата со Трамп била целосно спогодбена и додава дека аферата се случила една година откако Трамп се оженил со Меланија.
Поранешниот претседател ги отфрли сите тврдења околу аферата со Даниелс.