Поранешната Мис на Белорусија излезе од затвор

Белоруската кралица на убавината, Олга Кижинкова е ослободена од затвор откако таму помина шест недели поради учество во протестите против претседателот Александар Лукашенко.

Кижинкова била уапсена на 8 ноември и нејзината оригинална казна од 12 дена е продолжена двапати откако доказите ја поврзале со уште два антивладини протести. Датумот на нејзиното ослободување требало да биде 11 декември, но на крајот отслужи дополнителни девет дена, пишува РТ.

Поранешната Мис на Белорусија многу отворена му се спротивставила на Лукашенко, редовно објавувајќи фотографии од протестите во Минск.

Во интервју за белоруската веб-страница tut.by, Кижинкова објаснила дека спиела на подот без греење и се завиткала во облеката за да се стопли. Сепак, таа вели дека не планира да побегне од земјата сега кога е ослободена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e