Почина најстариот оскаровец Кристофер Пламер

Кристофер Пламер, канадскиот актер чија филмска кариера траеше седум децении, почина на возраст од 91 година.

Тој глумеше во филмовите „Звук на музиката“, „Човекот кој сакаше да биде крал“ и „Сите пари а светот“/

Освои оскар за најдобра споредна улога во 2011 година. Тој е најстариот добитник на Оскар, затоа што во моментот на добивање имаше 82 години.

Неговото семејство ја потврди веста за смртта велејќи дека починал мирно во домот во Конектикат каде живееше со својата сопруга Илејн Тејлор.

Лу Пит, неговиот долгогодишен пријател и менаџер, рече дека Крис бил извонреден човек кој длабоко ја сакал и ја почитувал својата професија.

„НИз својата уметност и хуманост ги допре нашите срца и неговиот легендарен живот ќе трае низ генерациите кои доаѓаат. Засекогаш ќе биде со нас“, рече Пит.

Првото појавување на Пламер во филм беше во далечната 1958 година, во филмот „Stage Struck“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e