Почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ

Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ.

Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на семејството.

Изминатите неколку месеци ДраганБ. Костиќ ја биеше својата најголема животна битка од која за жал не излезе како победник.

Човекот кој илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот ја забавуваше, информираше едуцираше својата многубројна публика… И не престана да го прави тоа дури во пензија.

Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Тој беше најпознат како водител од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“… но и проектот чија приказна никогаш не беше до крај раскажана, зашто за „Сто приказни за сто песни“, оние што требаше најмногу да ги слушнат, останаа намерно „глувионеми“ или за значењето на истиот, едноставно не беа ниту свесни?!

Тој остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни, светските топ листи, сопственик на една од најголемите колекции плочи, човек кој целиот свој живот им го посвети на музиката и радиото, бардот на македонското радиоводителство, кој кон крајот на штотуку изминатата 2024-та година го одгра својот „Последен танц“… Оној – прошталниот ДЈ-ски по половина век естрадна кариера!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e