Боб Сегет, актер и комичар најдобро познат по улога во серијата „Full House“, е пронајден мртов во хотелска соба во Орландо, Флорида.
Причината за смртта на 65-годишниот актер засега не е позната. Брзата помош го пронашла актерот во неделата попладне во соба во хотел во Орландо и го прогласила за мртов на местото на настанот. Според шерифот на округот Оранџ, не биле најдени знаци на насилство ниту употреба на дрога.
Сегет тукушто ја започна турнејата како стенд-ап комичар и настапи во близина на Џексонвил, Флордиа во саботата навечер.
Во последната објава на Instagram се осврна на прекрасната публика.
Сегет од 1987 година до 1995 година го гледавме во улогата на вдовецот Дени Тарнер во „Full House“.
Исто така беше и водител на „America’s Funniest Home Videos“ од 1989 до 1997 година.