По Лола Астанова, Хаузер се пофали со новата убавица

Последниве денови хрватскиот музичар Стјепан Хаузер, дел од дуото „2Cellos“ не престанува да објавува видеа со девојката која има неверојатни вокални способности, а чиј идендитет го криеше снимајќи ја од устата надолу, додека пее. Дури и на фотографиите снимени во Италија, таинствената девојка се крие зад безбол капчето, но на социјалните мрежи брзо се дозна за кого станува збор.
Своите 832 илјади обожаватели и следбеници на социјалните мрежи Хаузер редовно ги „почестува“ со видеа од обработки на најголемите светски хитови, а откако работеше со Лола Астанова, сега најде нова партнерка за тоа.

View this post on Instagram

Señorita & Hauser are back 🎤🎻

A post shared by HAUSER (@hausercello) on


Тој со денови објавува фотографи и снимки од девојката со моќен вокал, а за разлика од Лола, нејзиното лице го крие. Со неа беше и во ресторан во Ровињ, а под фотографијата напиша „Најсреќен човек на светот“.
Но откако ја објави последната фотографија, на која со девојката позираат на една планина во Италија и под нејзе напиша „Семеен живот“ обожавателите почнаа потрага за тоа која е девојката.
И не им требаше долго време да откријат дека станува збор за Бенедета Карети, италијанска пејачка која на својот Инстаграм профил се пофали со фотографија од истиот ресторан пишувајќи „Од Хрватска со љубов“.
Секако, не е јасно дали ова е само добар ПР пред промоција на нова соработка, како што беше случај со Лола Астанова или навистина е љубов во прашање.

View this post on Instagram

From Croatia with love

A post shared by Benedetta Caretta (@benedettacaretta) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e