Петар Грашо ќе стане татко, Хана Хуљиќ е бремена

Хрватскиот пејач Петар Грашо(45) и неговата девојка Хана Хуљиќ(31) ќе станат родители.

Петар и Хана моментно се еден од најпопуларните парови на хрватската естрада. Иако и двајцата се трудат да ја одржат максимално својата интимност, сепак тие станаа актуелна тема во медиумите откога се дозна дека се пар.

Тие се заедно од изминатава есен, а се знаат уште кога Хана била мало девојче. 14 години постариот Петар е близок
пријател и долгогодишен соработник на нејзините родители Тончи и Вјекослава Хуљиќ.

Пред Хана, Грашо имаше 24-годишна врска со пејачката Данијела Мартиновиќ, а Хана со години беше со џез-пијанистот Томислав Шошиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e