Опра Винфри призна дека 18 килограми изгубила со помош на апчиња: Дебелината е болест

Опра Винфри неодамна ги изненади сите со својот нов изглед: 69-годишната ТВ водителка покажа забележливо послаба фигура. Таа соопшти со гордост дека ослабела 18 килограми, а сега во интервју за „People“ детално проговори како успеала да се избори со вишокот килограми.

Една од најпопуларните американски ТВ водителки призна дека цел живот страда поради вишокот килограми и начинот на кој луѓето ја третираат поради тоа: „Тоа беше како јавен натпревар – ме исмејуваа 25 години. Ме обвинуваа и ме посрамотуваа, и се обвинував и се засрамував себеси“, вели Опра и додава. Не се чувствував луто. Бев тажна. Бев повредена. Го проголтав срамот. Прифатив дека тоа е моја вина” , таа рече.

Опра Винфри, која во јануари ќе наполни 70 години, вели дека сега има подобро разбирање за тоа како да одржува здрава тежина на долг рок и дека еднаш засекогаш се ослободила од срамот.

Преземајќи холистички пристап кој вклучува редовно вежбање и други промени во животниот стил, Винфри не крие дека во својата исхрана додала и лекови за слабеење.

Рехабилитацијата од операцијата на коленото во 2021 година го означила почетокот на нејзиното патување кон слабеењето.

„По операцијата на коленото, почнав да одам и да поставував нови цели секоја недела. На крајот, можев да одам пет до осум километри секој ден и 16 километри за време на викендите. Се чувствував посилно и поживо од порано.“ рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e