Пејачката Александра Бурсаќ била ограбена во новогодишна ноќ во нејзиниот стан во Земун, пренесуваат српските медиуми.
Крадците ги однеле сите пари и скапоцености.
„Точно е дека ми го ограбија станот, но поради истрагата не можам да ги откријам деталите“, изјавила пејачката.
Пејачката била ограбена кога излезгла на два часа. Во моментот кога се вратила, ја пронашла влезната врата отворена и видела дека крадците влегле низ прозорецот што таа го оставила отворен.
Полицијата излегла на местото на настанот, зела отпечатоци од прсти, а освен што и биле одземени скапоцените предмети, целиот стан бил во хаос, а на мебелот имало траги од обувки.