Од рак почина Кели Престон, сопругата на Џон Траволта

Кели Престон, сопруга на актерот Џон Траволта, почина на 58-годишна возраст по двегодишна битка со рак на дојка

Кели Престон, сопругата на Џон Траволта и исто така актерка која се појави во филмот „Jerry Maquire“, после две години ја загуби битката со ракот на дојка. Почина на 58-годишна возраст.

„Утрото на 12 јуни 2020 година, Кели Престон, обожавана сопруга и мајка почина по двегодишната битка со ракот на дојка. Таа одлучи нејзината борба да ја води приватно, одејќи на медицински третмани со поддршка од блиски членови на семејството и пријателите.
Таа беше светла, убава и сакана душа која искрено се грижеше за другите и донесе живот на сè што допре. Нејзиното семејство се моли за разбирање на нивната потреба за приватност во овие времиња “, изјави портпаролот на семејството за списанието„ People “.

Тажната вест ја потврди и на својот Инстаграм профил нејзиниот сопруг Џон Траволта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e