Од бедно детство и неизвесна младост до слава, талент, пари и моќ– Животната приказна на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез денес има слава за која некогаш можела само да сонува, а малкумина знаат детали од нејзиниот приватен живот.

Пејачката е родена на 24 јули 1969 година во Бронкс, предградие на Њујорк. Нејзините родители се Порториканци, а Лопез отсекогаш јавно ја истакнувала својата поврзаност со мајка ѝ Лупе. Детството го поминала во мал стан и во не баш завидна финансиска состојба.

Кога завршила средно училиште, Џенифер се нашла на голема раскрсница и пред голема одлука. Нејзината мајка сакала таа да запише колеџ, додека Џеј Ло имала сосема поинаков план. Кога им соопштила на родителите дека сака да стане актерка и пејачка, од нив не ја добила поддршката која ја очекувала. Во тој момент не била во најдобри односи со својата мајка, но денес вели дека ѝ е благодарна за сè.

Мислев дека ќе покаже емпатија. Наместо тоа, ми рече: ‘Немој повеќе да ми се јавуваш кога ќе плачеш. Сакаше да бидеш во овој бизнис и подобро ти е да станеш силна’. И станав”, изјавила пејачката во една прилика.

Се случи одлуката да го изберам својот сон да ме чини. Едно време живеев речиси како бездомник. Спиев на каучот во танцувачкото студио, но трудот се исплатеше”.

Кога наполнила 21 година, Лопез се преселила во Лос Анџелес за да ги оствари своите соништа. Живеела со неколку цимери во еден стан, во не толку добри услови, но вели дека за тој период ја врзуваат најубави спомени.

Се сеќавам дека имав доволно пари само за да си купам едно парче пица дневно”, вели пејачката.

Поминале неколку години додека не ја добила првата голема работа, а потоа улогите се нижеле и оваа убавица успеала да го оствари својот голем сон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e