Обожавателите лути на Лејди Гага

Откако Лејди Гага твитна дека новиот, шести по ред албум, ќе се вика „Adele“ не стивнуваат реакциите од нејзините обожаватели. Реакциите се од неверувања дека таа ја зборува вистината до жестоки критики.

Три години откако го издаде личниот албум „Joanne“ пејачката изјави дека со следниот албум сака да тргне во сосема нова и поинаква насока.

„Следниот албум ќе се вика ADELE“ – напиша та ана твитер во вторникот и ги остави обожвателите збунети и без зборови.
Но ова не е прв пат пејачката, добитничка на „оскар“ да ги остава збунети своите обожаватели со своите твитови. Кон крајот на август таа пушти твит со една буква „Ф“ без било какво дополнително објаснување, а обожавателите желни за нејзини нови песни почнаа да шпекулираат дека тоа е најава за нов албум.
Иако поминаа три години откако таа издаде албум, Гага не седеше без обврски, туку цело време беше зафатена со концерти во Лас Вегас. Во септември ја промовираше новата козметичка линија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e