Објавена листа на најплатени актери за 2023 година

Форбс ја објави листата на најплатени актери во 2023 година. На изненадување на многумина првото место не им припадна на ѕвездите од филмот „Barbie“ или „Oppenheimer“, иако овие две остварувања ја одбележаа минатата година.

За најплатен актер во Холивуд во 2023 година е прогласен Адам Сендлер, кој заработил вртоглави 73 милиони долари. Откако актерот потпиша договор за 4 филма вреден 250 милиони долари со „Netflix“ во 2014 година, тој додаде значителни суми во неговиот буџет.

Минатата година на „Netflix“ беше објавен вториот дел од неговиот филм „Murder Mystery“, кој има повеќе од 173 милиони часови гледаност, а неодамна на оваа платформа беше објавена и научно-фантастичната драма „Spaceman“. Критичарите и публиката не се воодушевени од филмот, а многумина пишуваат дека славниот актер треба да се држи до комедии.

Маргот Роби е рангирана на второто место на листата како најмлада актерка и само една од двете актерки на листата. Втората жена на листата е Џенифер Анистон, чија заработка во голема мера се должи на „Friends“, иако емитувањето на серијата заврши пред 20 години.

Еве како изгледа листата на Форбс на најдобро платени актери за 2023:
1. Адам Сендлер – 73 милиони долари

2. Марго Роби – 59 милиони долари

3. Том Круз – 45 милиони долари

4. Рајан Гослинг – 43 милиони долари

5. Мет Дејмон – 43 милиони долари

6. Џенифер Анистон – 42 милиони долари

7. Леонардо ди Каприо – 41 милион долари

8. Џејсон Статам – 41 милион долари

9. Бен Афлек – 38 милиони долари

10. Дензел Вашингтон – 24 милиони долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e