Новак Ѓоковиќ со анонимна донација во болницата во Бергамо

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, донираше значителни средства во болницата во Бергамо, италијанскиот град најпогоден од коронавирусот.

Српскиот тенисер, кој неодамна ѝ помогна на својата земја со медицинска опрема и респиратори во вредност од милиони евра, потоа учествуваше во хуманитарна акција во Шпанија, заедно со Рафаел Надал, сакаше помошта за Бергамо да биде анонимна, но директорот на болницата Питер Асембергс ги сподели овие информации при посетата познатата емисија „Порта а порта“ на „Раи Уно“.

„Добивме значителни донации од странство и тоа ме зачуди. Она што ме импресионираше беше Новак Ѓоковиќ. Даде милион на Србија, својата земја и кога ги слушна вестите за Бергамо, тој помисли на нас. За мене ова е голем човек, се надевам дека ќе можам да го гушнам“, рече Асембергс.

Ѓоковиќ претходно ја поддржуваше Италија преку веб-страниците за социјално вмрежување, а како што наведуваат медиумите на Апенините, покрај тоа што е светски рекет број еден, тој се докажа себеси за шампион по хуманост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e