Пејачката Нина Бадриќ важи за една од најубавите пејачки во регионот, а она што многумина ги интригира е нејзиниот љубовен живот.
Иако малку зборува во јавноста за приватните работи, пејачката неодамна признала дека дури 10 години не била заљубена, а сега ја откри и причината поради тоа, односно зошто нејзиното срце и понатаму е слободно.
– Многупати сум кажала дека сум тешко заљублива личност, за мене луѓето кои не ме познаваат имаат предрасуди, им делувам на луѓето романтично, што и навистина сум, но не се заљубувам често. Јас подобро ќе живеам сама, отколку со било кој, бидејќи вистинската љубов не се случува секој втор-трет месец, тоа е вредно да се чека во животот, ако не во овој, во следниот сигурно – рекла Нина за хрватски „Индекс“.