Николина Пишек со емотивна објава по труењето со плин: Ќе го преколувате стресот и ручекот!

По страотниот случај во кој Николина Пишек и нејзината ќерка Уна за малку ќе го загубеа животот, единствено што водителката сака да дознае е како било можно тоа да се случи.

Во саботата вечерта, Николина и петгодишната Уна за малку ќе станеа жртви на смртоносна доза гас. За среќа, нејзиниот сопруг кој тогаш бил во Белград се јавил на пријатели и ги замолил да проверат дали е сѐ во ред со неговото семејство.

Иако сѐ уште не е познато како дошло до труење со јаглеродниот моноксид, се претпоставува дека причина е пукната цевка. Николина не ни претпоставувала дека тоа што се чувствува лошо има врска со нејзината здравствена состојба.
Имав тахикардија, ми беше мачно и чувствував силна главоболка. Легнавме околу 2 и на Уна ѝ се слоши. Му се јавив на сопругот Видое, кој беше во Белград. Подоцна ми рече дека сум била чудно смирена. За среќа се посомнева дека нешто не е во ред. Ме убедуваше веднаш да одиме на лекар, но јас му реков дека ќе одиме изутрина. Кога подоцна ни се јавувал, веќе не можел да нѐ добие – раскажа Николина за Јутарњи лист.
Еден од пријателите на Видое, кого тој го замолил да ги провери жена му и ќерка му, околу 2.30 минути дошол до станот, а Николина со последните сили му го отворила прозорецот, додека нејзините кутриња лаеле.

– Да не реагираше така, сега немаше да разговарам со вас, бидејќи за нас немаше да има спас додека дојдеше тој – вели Николина, која му е благодарна на сопругот поради грижата.
Пријателот на Видое веднаш повикал полиција, која морала да провали во станот, каде што ги пронашле Николина и Уна во бесознание. Дошле и пожарникарите, кои утврдиле дека количината на гас во станот во тоа време е седумпати поголема од дозволеното. Николина и Уна веднаш биле пренесени во болница.
Причините поради кои настанало протекување на гасот сѐ уште не се познати.

– Претпоставувам дека проблемот настанал поради санацијата која се прави во зградата по земјотресот. Не би обвинила никого дека е виновен за она што се случи, само сакам да откријам што се случи, бидејќи станува збор за два човечки животи кои беа загрозени – вели Николина.
Николина и нејзиното семејство се сместени во хотел, бидејќи веќе не се осмелуваат да влезат во станот.
Денеска Николина сподели емотивна објава на својот Инстаграм профил заедно со фотографии од болница.
Ќе го проколнувате стресот на работа, ручекот кој сте го изеле, времето, кое како на секој деклариран метеопат, и вас не ви дозволува да живеете. – порачува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e