Не е алармантна состојбата со Катрин Денев

Француската актерска икона Катрин Денев хоспитализирана е во Париз по мал мозочен удар, јавија француските медиуми.

Семејството на Денев соопшти за Франс Прес дека 76-годишната актерка претрпела „многу ограничен“ исхемиски мозочен удар. Такви мозочни удари се предизвикуваат со намалување на дотокот на крв во мозокот.

Весникот Ле Паризиен прв ја објави веста за нејзината хоспитализација велејќи дека е во „сериозна состојба“ и дека и се потребни детални прегледи. Но извор за Вариети рекол дека соработниците на актерката кажале дека нејзината состојба не е алармантна.

Италијанската новинска агенција АНСА цитирала извор кој вели дека актерката патела од „замор“. Ле Паризиен не прецизира во која болница е сместена Денев.

Кетрин Денев беше ексклузивен гостин на фестивалот „Браќа Манаки“ во 2012 година.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e