Наоми Кембел отворено за дрогата – Имав многу проблеми, не го познавав татко ми, не ја гледав мајка ми…

Наоми Кембел зборувала за многу тешкиот животен период во мини-документарната серија „The Super Models“ чија премиера беше вчера.

Славната манекенка се борела со зависноста од дрога во 90-те години, а открила и што била причината за тоа. Наоми се присетила и на своето тешко детство и зборувала за татко ѝ кој ги напуштил неа и нејзината мајка пред таа да се роди.

Кембел рекла дека убиството на познатиот дизајнер Џани Версаче и траумите од детството биле причина таа да западне во замката на пороците.

„Претпоставувам дека се обидував да ја прикријам тагата кога започнав да користам дрога. Зависноста е многу лоша работа. Си мислите: ‘Ох, тоа ќе ги зацели раните’, но не е така. Тоа предизвикува толку голем страв и непријатност што ме направи многу бесна“, изјавила Наоми која тешко го поднела убиството на Версаче кое се случи во 1997 година пред неговиот дом во Мајами.

„Ме познаваше, ме мотивираше. Ме мотивираше да продолжам и кога мислев дека го немам она што е потребно во себе. Кога почина, бев исклучително тажна“, додала таа.

Наоми поради консумирање на наркотици (кокаин) колабирала на едно снимање во 1999 година.

„Се обидував да ги прикријам своите чувства, беше многу болно“, порачала модната ѕвезда, која по инцидентот на снимањето заминала на рехабилитација.

На Кембел ѝ било потребно долго време за да ги победи проблемите и вели дека одвреме-навреме се чувствува лошо, но сега знае како да се справува со тоа.

Во серијата е прикажано и нејзиното интервју со Барбара Волтерс од 2000 година, кога зборувала за траумите од детството.

„Имав многу проблеми, не го познавав татко ми, не ја гледав мајка ми, тоа предизвикува многу емоции. Една од емоциите е бес кој е манифестација на нешто навистина длабоко. Се заснова на несигурност, недостиг на самопочит и осаменост“, истакнала таа, пишува „Page Six“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e