Раперот Стефан Ѓуриќ Раста е обвинет за лична употреба на дрога.
Бившиот сопруг на поп-пејачката Ана Николиќ се товари за кривично дело недозволено поседување опојни дроги за лична употреба, откако во октомври заедно со Б.Л. беше упасен од страна на полицијата, која кај нив е најде извесно количество сканк и кокаин.
За ова кривично дело му се заканува парична казна или затвор до три години, а законот предвидува и можност за ослободување доколку сторителот открие каде ја набавувал дрогата.
Раста е во притвор од почетокот на октомври, а на сослушувањето се бранел дека дрогата му била за лична употреба. Притворот последен пат му беше продолжен кон крајот на декември минатата година, и според таа одлука треба да трае до 27 јануари.