На 24 години почина позната порно ѕвезда

Порно ѕвездата Тина Филдс (24), која изнесе вознемирувачки наводи за сексуална злоупотреба, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Трухиљо, Перу, на 6 јануари.

Тина Филдс, чие вистинското име Абигејл, беше порно ѕвезда која стана позната по нејзините еротски улоги во филмовите направени од продукциската куќа „Милки Перу“, пишува „Сан“.

Обожавателите на Тина Филдс преку социјалните мрежи активно се збогуваат со својата омилена актерка. Пораките на сочувство, сеќавањата за нејзините најдобри улоги и изразите на тага го преплавија интернетот додека јавноста се собра да се соочи со загубата на талентираната млада актерка која почина прерано.

Точната причина за нејзината смрт не е откриена од полицијата.

Пред само осум месеци, актерката откри дека претрпела сексуална злоупотреба кога ја започнала својата кариера во порно индустријата.

Таа тогаш изјавила: „Претрпев сексуално вознемирување и злоупотреба откако почнав да создавам содржина за возрасни. Најпрво реков дека не можам да тужам и многумина мислеа дека со тоа што ќе ме вработат можат да прават што сакаат со мене, но потоа одев дома, се бањав и плачев. Тој ми рече дека морам да бидам силна и да го заборавам тоа. Ми се случи многу пати. Многу е тешко да се биде жена во порно индустријата кога општеството е буквално ш.т“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e