Музичарот Марсело Пералта ја изгуби битката со коронавирусот

Познатиот аргентински музичар Марсело Пералта го изгуби животот како последица од коронавирусот во Мадрид, на 59 годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.

Тажната веста ја потврди и неговиот колега и голем пријател, Гиљермо Бацола.

Марсело Пералта се роди во Буенос Аирес во 1961 година. Студираше клавир и музичка теорија, а во 1979 година доби сертификат за професор по музичка култура. На 18 години почна да свири на саксофон и беше заинтересиран за Сержо Шалофа, а беше инспириран и од големите музичари како Џон Колтрејн, Алберт Ајлер и Орнет Колмен.

Од 1996 година живееше во Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e