Момчето на Цеца е всушност екс сопруг на девојата на Саша Ковачевиќ – Еве што вели тој!

Долгогодишната девојка на српскиот срцекршач Саша Ковачевиќ, Зорана Тасовиќ, претходно била во брак со Богдан Срејовиќ, сегашното момче на Цеца Ражнатовиќ.
Пред снимањето на една емисија, пејачот помеѓу останатото го прокоментира и односот на поранешните сопружници, кои заедно ја добиле наследничката Искра и нагласи дека тие двајца „секогаш биле, па и останале во одлични односи“. Исто така, тој „даде и свој суд“ и кога е новата врска на Цеца во прашање, за која веќе некое време се зборува во јавноста, истакнувајќи дека му е драго што се заљубени.

„Зорана и Богдан отсекогаш биле и останаа во одлични односи. Тоа не го коментирам, бидејќи не сакам да влегувам во туѓи животи. Мене ми е многу драго доколку тој (Богдан) и Цеца се заљубени, а тоа е најубавата работа која може да му се случи на човекот, покрај децата“ – раскажа за „Србија Данас“, Саша Ковачевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e