Мирослав Илиќ за српските медиуми зборуваше за кризата на естрадата и со една своја изјава крена бура во јавноста.
Пејачот рече дека многу работел во својата кариера и заработил многу, но дека 3000 евра му се доволни за неговите месечни потреби.
“Не сакам да се фалам со тие работи. Отсекогаш сум презирал приказни за авиони, камиони, јахти и слични работи. Нормално е да имате ако го сакате тоа и да заработите пари. Работев и заработив. Колку и да ни давате, секогаш ни е малку. Околу 3000 евра месечно се доволни за моите потреби и не размислувам за зима. Додека го платиш ова, го платиш тоа, го купуваш ова, го купуваш тоа, ти останува за пристоен живот “, рече пејачот.
Веднаш започнаа да му се потсмеваат на Твитер.