Милица Павловиќ „го прележа“ коронавирусот: Не правев маркетинг од целата ситуација

Познатата балканска пејачка Милица Павловиќ го прележала коронавирусот во самоизолација и сега е негативна на ковид-19.
-Би им порачала на сите да работат на својот имунитет, да пијат витамини Ц Д, а и доста работи доаѓаат од главата, важна е психата. Да, јас прележав корона, но на целата ситуација гледав како на една посилна настинка и од првиот ден кога ми се качи температурата си реков: ‘Океј, ајде да го прележиме ова!’ Така се програмирав во главата“, откри пејачката во една радиоемисија.

-Се изолирав, не кревав врева и не правев маркетинг од целата ситуација, така да се изразам, ниту плачев за помош. Се хранев здраво и се’ заврши добро“, заклучи пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e