Милан Станковиќ со месеци води кампања на социјалните мрежи против вакцинацијата и пандемијата на коронавирусот, тврдејќи дека целата приказна е теорија на заговор и дека вирусот не постои, поради што јавноста повеќепати го осуди.
Како што дознава српски „Курир“ од извори кои се нашле во близина на Станковиќ, тој направил и сцена во трговскиот центар „Ушќе“, во една продавница, бидејќи не сакал да носи заштитна маска, која е задолжителна во сите затворени објекти.
Додека ги разгледувал работите, на пејачот, кој на почетокот никој не го препознал поради долгата коса и променетиот физички изглед, му пришол еден од припадниците обезбедувањето и љубезно го замолил да стави маска или да ја напушти продавницата.
На тоа веднаш бурно реагирал, почнувајќи да се расправа и одбивајќи да стави заштита на лицето, викајќи дека не сака „да го прифати злото што ни го наметнале разни светски сили и слуги на антихристот“. Откако одбил да ја стави маската, обезбедувањето го испратило надвор од продавницата.
Инаку, дека ова не е прв инцидент наСтанковиќ од ваков тип посведочил другизвор, кој престојувал со пејачот во ресторан во Белград.
Престој во ресторани по 20 часот е дозволен исклучиво за лица со ковид-сертификат, а Милан не го поседува. Меѓутоа, тој одбил да ја напушти вечерата, тврдејќи дека никој нема право да му бара пропусница.
Викаше дека тој нема да извади никакви пропусници ниту да ги покаже. Неколкупати повтори дека на сите им е испран мозокот и дека, ако треба, нема ниту да јаде, но дека не се согласува на уцени“, изјавил изворот за српски „Курир“.