Менаџерот на Севе ја открива причината поради која го прекршила полицискиот час

Северина Којиќ поради прекршувањето на полицискиот час во Белград заработи казна од 50.000 динари, која ја платила на самото место.

Според наредбата на дежурниот судија за прекршоци, ќе биде во процес т.н. скратена постапка. За прекршок на полицискиот час, предвидена е парична казна помеѓу 50.000 и 150.000 динари. Ако Северина го повтори овој прекршок, ќе и’ биде изречена затворска казна.
Северина вечерва се пакувала, бидејќи утрово заминува во Загреб и излегла со автомобилот без да размислува за полицискиот час. Таа ќе го призна делото и ќе плати казна. По непланираниот престој во Белград од еден месец и во очекување на средба со нејзиниот син, не е ни чудо што заборавила на строгите ограничувања на движење во Србија, кои не постојат во Хрватска, а Србија ги воведува првпат.
Имено, вчера, по 32 дена пред да се врати во Загреб, таткото на нејзниот син и’ дозволи да го види нивното дете само на 15 минути. Бидејќи, Поповиќ и нивниот заеднички син имаат српско државјанство, таа останала еден ден подолго во Белград, за да биде сигурна дека Поповиќ ќе го врати детето во Загреб затоа што таа нема да може да се врати во Србија.

Северина не му верувала на овие ветувања, бидејќи на секој можен начин тој ја спречува да го види детето, прави проблеми за враќање на детето во Загреб, каде што треба да биде со својата мајка и да спроведе задолжителна 14-дневна самоизолација во Хрватска. Имено, Северина не го видела својот син повеќе од еден месец“ – изјави нејзиниот ПР-менаџер Давор Гргин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e