Меган Маркл, војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари го привлече вниманието со бројни скандали од нејзиното доаѓање во кралското семејство.
Често е „мета“ на критичарите кои и даваат многу погрдни епитети, а овој пат е претставена во сосема поинакво светло – како најинтелигентна членка на британското кралско семејство.
Имено, образовната компанија Оксфорд Ројал ги анализирала академските квалификации на членовите на кралското семејство и ги проучувала нивните средношколски резултати и рангирање на факултетите од кои дипломирале.
Меган на тој начин го зазеде првото место, со оглед на тоа дека дипломирала на елитниот Нортвестерн универзитет. Војвотката доби двојна диплома на тој престижен колеџ, по глума и меѓународни односи.
Студијата покажа дека Кејт Мидлтон (39), војвотката од Кембриџ, е втора најинтелигентна личност во кралското семејство, додека принцот Вилијам (39) е на третото место.