Мис Универзум Јамајка Габриелa Хенри, која падна од сцената минатиот месец за време на прелиминарната вечер на изборот за Мис Универзум, сè уште е на лекување. Членовите на нејзиното семејство открија какви повреди претрпела.
Во изјавата, тие наведоа дека имала крварење во мозокот, фрактура, посекотини на лицето и други повреди.
„Таа веднаш беше примена на интензивна нега во Бангкок, каде што останува во критична состојба под постојан невролошки мониторинг и продолжува да бара 24-часовен специјалистички надзор“, напишаа тие.
Понатаму наведоа дека во наредните денови треба да се врати дома во Јамајка во придружба на медицински тим. Штом ќе пристигне, ќе биде однесена во болница.
Организацискиот тим на Мис Универзум ги покри трошоците за нејзиното лекување во Тајланд, како и трошоците за престој на нејзината мајка и сестра во земјата. Тие исто така ветија дека ќе продолжат да го финансираат нејзиното лекување.
„Од моментот кога се случи инцидентот, Организацијата „Мис Универзум“ застана покрај Габриела и нејзиното семејство како да е нивно, преземајќи ја целосната одговорност без двоумење. Семејството Хенри е длабоко благодарно на Организацијата „Мис Универзум“ за нивната непоколеблива сочувство, присуство и љубов. Нивниот досегашен одговор отиде подалеку од професионалната одговорност и ја одразува лојалноста и заштитата на семејството“, објавија тие.
