Мајли Сајрус под дејство на дрога халуцинирала дека убива фоки

Пејачката Мајли Сајрус признала дека халуцинирала како убива фоки кога ја користела дрогата ајахуаска и дека тоа ја навело да стане веганка.

Пејачката рекла дека експериментирањето со оваа дрога ‘трганало наопаку’.

„Си помислив дека убивам фоки и дека шаманот од устата ми го извлекува секое мртво животно што сум го изела. Не беше забавно“, рекла Мајли.

Ајахуаската е лоза што расте во џунглата Амазон. кога се комбинираат лисја од чакра, кои содржат халуциногена состојка диметилтриптамин, се добива пијалок кој го користат шаманите за време на нивните ритуали. Тоа е свет лек за староседелците на Амазон и се користи за различни цели, од емотивно до физичко лекување.

Пејачката, која отворено зборувала и за своето редовно користење на марихуана, сега се обидува да биде во целост трезна, бидејќи, како што наведува, не е вредно да се опиваш за мамурлак.

„Сакам да станам наутро и да бидам целосно подготвена за новиот ден“, рекла Мајли во една прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e