Јелена Карлеуша после 14 месеци негирање, конечно ја призна аферата со Огнен Врањеш, пишува српски „Курир“.
Тоа се мои фотографии, моите голи гради и мојот полов орган. Огнен Врањеш тајно ме снимаше!“, изјавила пејачката на Врховниот суд во Белград за време на исказот кој го даде под заклетва.
Таа потврдила и дека на сликата е нејзиниот полов орган, иако долго време изјавуваше дека таму „има карактеристична бенка за која знае само нејзиниот сопруг Душко Тошиќ“.
„Сметам дека не постои ништо пострашно за една мајка, сопруга и ќерка секој ден да го гледа својот полов орган како централна најава во весниците“, изјавила Карлеуша.
Пејачката во судот исто така потенцирала дека поради аферата со Огнен Врањеш размислувала на самоубиство.