Кристен Стјуарт ќе ја игра улогата на принцезата Дајана во новиот филм Спенсер, пренесува Deadline.
Заплетот на драмата, чиј наслов се однесува на презимето на Лејди Ди пред бракот, ќе се случува во текот на три дена во 90-тите години, додека Дијана размислува за својот разнишан брак со принцот Чарлс.
Стјуарт (30) е шест години помлада од Дајана кога се развела во 1996 година. Принцезата почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, но филмот нема да ја покаже нејзината трагична смрт.
Филмот ќе го режира чилеанскиот режисер Пабло Лариан (Џеки), а снимањето е предвидено да започне на почетокот на 2021 година.